Прогрес од 16 места за Македонија на глобалниот индекс на мирот

Loading...

Македонија се најде на 87. место меѓу 163 држави на глобалниот индекс на мирот, кој годинава по 12. пат го изработи Институтот за економија и мир од Сиднеј.

Македонскиот пласман претставува напредок од 16 места во однос на минатата година во рангирањето што ги опфаќа следните фактори: конфликти во кои е вмешана државата и нивното траење, бројот на смртно настрадани, односите со соседите, криминалитетот во општеството, уделот на бегалците во популацијата, стапката на убиства, веројатноста за избивање насилни демонстрации, трошоците за војската, достапноста на рачно огнено оружје итн.

Од земјите во регионот подобро од Македонија стојат Словенија (11. место), Хрватска (27.), Албанија (52.), Србија (54.) и Црна Гора (58.), а полошо Босна и Херцеговина (89.) и Косово (92.).

Најмирна држава во светот според ова истражување е Исланд, а втора Нов Зеланд, и двете задржувајќи си ги позициите од лани. Во првите десет се и Австрија, Португалија, Данска, Канада, Чешка, Сингапур, Јапонија и Ирска по тој редослед. На дното е Сирија.

Интересно е дека (многу) полоши од Македонија според глобалниот индекс на мирот се двете најголеми суперсили САД (121. место) и Русија (154.).

Според пресметките на Институтот, судирите, војните и насилствата секој жител на планетата годишно го чинат по 2.000 американски долари или вкупно 15 милијарди долари.