И покрај ризиците, размената на територија помеѓу Косово и Србија би можела да биде од корист за двете земји и за ЕУ.

Европа има интензивен и разбирлив страв од промена на националните граници. Но, разговорите за размена на територии меѓу Косово и Србија, кои веќе две децении се во суров конфликт, заслужуваат претпазлива поддршка, пишува Марко Прелец,  професор на Колеџот за јавна политика на Централноевропскиот универзитет, за Politico.eu .

Но, тензијата меѓу Србија и Косово е сериозна главоболка за континентот што треба да се надмине. Таа ја храни нестабилноста на југоисточниот дел на Европската унија и претставува сериозна пречка за интеграцијата на Западен Балкан во блокот.

Србија не ја признава косовската декларација за независност во 2008 година и официјално ја гледа територијата на Косово –со  претежно албанска пополација – како бунтовна провинција. Пет земји-членки на ЕУ, исто така, не го признаваат Косово. Повеќето од нив, како Шпанија, имаат свои сепаратистички стравови.

Русија и Кина го држат Косово надвор од ОН и во меѓународна изолација. Додека ќор-сокакот продолжува, ниту една од двете земји (Србија и Косово –н.з.) нема вистинска надеж за пристап во ЕУ.

Брисел јасно му стави до знаење на Белград дека треба да го реши спорот со Косово пред да стане членка на ЕУ.

Не постои решение за косовската загатка без договор кој двете страни би го поддржале, а размената на територија е клучна за таков договор.

Косово би ги тргувало северните општини (населени) со српско мнозинство за оние со албанско мнозинство во југозападниот дел на Србија. Србија ќе го признае Косово и ќе го зголеми своето противење на членството во ОН. Косово ќе се залага за заштита на средновековните српски манастири и нивното преостанато српско население, пишува Прелец.

Зошто Србија би прифатила ваков договор?

Бидејќи тоа претставува признание дека американските и европските политики не успеаја. Косово се распаѓа под меѓународен надзор, а Србија треба да ја признае неговата независност и територијалниот интегритет. Размената ѝ овозможува на Србија да каже: „Се обидевте да го направите ова без нас и тоа не функционираше“.

Од своја страна, Косово, пак, стекнува право на полноправна членка на меѓународната заедница и добива појасен пат кон членството во ЕУ. Косово веднаш може да се приклучи кон Советот на Европа, ставајќи ги своите луѓе под заштита на Европскиот суд за човекови права.

Но, зошто на ова има толку противење“.  Ангела Меркел минатата недела изјави: „Има обиди за граничните преговори и не можеме да го сториме тоа“. Карл Билд, кој беше инволвиран во проблемите на регионот веќе 30 години, за идејата рече дека е „рецепт за геополитичка нестабилност“.

Од друга страна, Волфганг Петрич, главниот преговарач на ЕУ за косовските мировни преговори, ја поддржува оваа идеја.

Главната забелешка е дека ако некаде се менуваат границите – тоа е закана за границите низ целиот регион.

Македонија има големо етничко албанско малцинство, кое доминира на територија сместена во предградието на главниот град Скопје – отцепување би значело ужасна војна.

Регионот со претежно српско население во Босна и Херцеговина рутински се заканува да се одвои. Сигурно размена на територии ќе го охрабри?

Пред осум години бев во Македонија и во Босна и Херцеговина за Меѓународната кризна група за да ја испитам токму оваа закана, пишува Прелец.

Јас и моите колеги од Албанија и од Србија заклучивме дека ризикот е реален, но може да се менаџира. Оттогаш, Македонија стана многу постабилна и има прогресивна, мултиетничка влада; Членството во НАТО е можно уште наредната година. Албанското население во земјата е прагматично и посакуваа да живее во држава со добри изгледи за европска интеграција и просперитет.

Друга работа е српската република Босна и Херцеговина. Неговото раководство и многу од нејзините луѓе навистина сакаат да се отцепат. Сепак, тие знаат дека е невозможно.

Многумина инстинктивно повлекуваат раце од промените во границите, тврдејќи дека тие ја одразуваат логиката на ужасното етничко чистење од 90-тите. Сепак, тоа беа премногу агресивни дела, но сега  ќе биде поинаку.

Косово и Србија зборуваат за заемно корисен договор со значителна поддршка меѓу луѓето кои ќе бидат директно погодени. Тоа ветува дека ќе донесе вистинска добра волја, што на крајот му недостасува во регионот., заклучува Марко Прелец.

SHARE