Проработеа владините “Пиарџии”, се “чисти” Спасовски од смртта на Саздо

“Што си дробел тоа ќе сркаш” и “Нема споредба меѓу Мартин, Тамара и Саздо”, се двете главни мантри на армијата пиарџии вработени во владата или ангажирани преку фирми и невладини организации кои вчера добиле налог да го спинуваат револтот на јавноста за убиството на Никола Саздевски.

Член на тимот “Твитерџии” кој бил активен во “Шарената револуција” а кој инсистира на анонимност за expres.mk раскажува дека вчера веднаш откако се дознало дека Саздовски починал биле активирани дваесетина луѓе кои што требало преку социјалните мрежи да ги ублажат критиките од јавноста кон владата особено кон МВР и министерот Спасовски кои 11 дена случајот го воделе како обична тепачка или насилство иако Саздевски бил тепан со шипки и боден со нож.

Дел од лицата кои и предходно учествувале во слични операции против ВМРО – ДПМНЕ за време на Шарената револуција а кои не се вработени во владата или фирми и организации блиски на власта веднаш отфрлиле да бидат дел од сценариото.

Но дел прифатиле по што најчесто преку лажни профили на Твитер и на Фејсбук започнаа објаснувања дека Никола Саздевски предходно натепал роднина на еден од неговите убијци, дека бил агресивен и насилен и дека сам ја удрил главата од третоар при нападот врз него.

Нивната главна теза е дека МВР и министерот Оливер Спасовски не се виновни за тоа што му се случило на Никола и што убијците не се гонат за убиство туку вината треба да се бара кај Јавното обвинителство кое што дава квалификации на кривични дела.

За да им се олесни на пиарџиите веднаш по смртта на Саздовски министерот Спасовски во јавноста објаснува дека двајца од тројцата напаѓачи се фатени веднаш и добиле кривични пријави.

Со тоа на екипата која треба да го брани Спасовски и Владата и се дава главниот аргумент, дека МВР веднаш реагирала за инцидентот и дека ништо не криела, без воопшто да се споменуваат ножот и шипките во тепачката.

Планот се распаднал уште попладнето кога по силните реакции од јавноста против бранителите на владата и Спасовски некои од профилите се блокирани или се привремено недостапни.

“Твитер заедницата точно ги лоцира сите овие лица кои учествуваат во Пи Ар операцијата која е спротивна на сите заложби на “Шарената револуција”, вели еден нејзин активист кој најавува дека во наредниве денови можат да бидат објавени сите лица и профили кои за паричен надомест или за други бенефиции се ставиле “во одбрана на неодбранливото”.

“Нема правда нема мир” е универзална порака и принцип кој важи и за Нешковски и за Саздевски, важеше и за Груевски и Јанкуловска, а важи и за Заев и Спасовски. Одговорност мора да има без разлика кој е на власт зашто само така Македонија може да тргне напред на што укажува и ЕУ”, вели трет активист кој подолго време не е на Твитер но кој ги знае сите релации меѓу високи функционери во владата и “оперативците” на Твитер и Фејсбук кои сега од “погрешни причини се ставиле под нејзина команда”.

Изворите на expres.mk велат дека во одбрана на Владата и Спасовски се вклучени и луѓе самоиницијативно без да бидат дел од некаква организација, поради сопствени уверувања дека оваа влада работи добро и дека опозицијата не смее да се врати на власт а има и такви кои што навистина сметаат дека и Саздовски бил делумно виновен за инцидентот во кој го загубил животот.

Во операцијата за спас на имиџот на Спасовски уште предходно се вклучени и дел од медиумите блиски или под контрола на СДСМ.

Тие уште пред неколку дена за лажни ги прогласија информациите дека Никола е претепан и се бори за живот.

SHARE

Comments are closed.