Проруската “Единствена Македонија” на Бачев со прикриени закани за македонски интелектуалец?!

И се случи ли на Македонија директна закана од политичка партија врз интелектуалец?

Партијата ,,Единствена Македонија” на Јанко Бачев која заговара специјални врски на Македонија со Русија и упати порака на професорката Билјана Ванковска дека со неа ќе се пресмета по референдумот на 30 септември, што може да се толкува како закана по нејзината безбедност.

Причините според официјалниот профил на партијата се засилените лаги што таа ги ширела.

Ванковска веднаш одговори дека не им се плаши на заканите и го спореди Бачев со Заев.

“Овие компромитираат секаква идеја за отпор, бидејќи се исти или полоши од властелиниве. Среќа, јас не им се плашам ни на едни ни на други, ама не барај да ги почитувам во име на некакво единство. Овој човек има пајтон партија создадена за одредена цел, кој нема врска со Македонија каква што ја сакаме”, вели Ванковска за лидерот и партијата кои што се испостава на руски интереси во земјава.

1 Коментар

Оставете Коментар