Loading...

Романската влада соопшти дека 440 лица се повредени, меѓу кои и 24 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата синоќа во главниот град на Романија.

Десетици илјадници Романци што живеат во странство, кои се незадоволни од работата на левичарската влада, синоќа организираа протести кои станаа насилни кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон околу владините згради, објави АП.

Неколкумина беа уапсени, а полицијата употреби водени топови, неколкумина беа уапсени, а  службата за итни случаи објави дека 65 завршиле во болница.

Романскиот претседател Клаус Јоанис, критичар на владата, силно ја „осуди брутална интервенција на полицијата“.

Романците од дијаспората дојдоа во Букурешт од европските земји за да присуствуваат на демонстрациите, лути поради начинот на кој владата ја води Романија.

Околу три милиони Романци живеат во странство и велат дека ја напуштиле земјата поради корупција, ниски плати и недостаток на можности, објави АП.

Оставете Коментар