Предводени од коњаник нагрнат со грчко знаме, околу 1.000 средношколци маршираат низ северниот град Солун, во знак на протест поради напорите на владата да стави крај на тридеценискиот спор со  сосеверниот сосед.

Демонстрантите веат грчки знамиња и извикуваат националистички слогани против БЈРМ и против Албанија, пренесува „Катимерини“ информација Асошиетед прес.

Во протестот наводно организиран од тинејџери од северна Грција, учествуваат десетици средни училишта во Солун и од соседните области кои беа затворени со денови во знак на протест поради предложениот договор за нормализирање на односите со, како се вели, ПЈРМ.

Грчката влада ја обвини ултранационалистичката партија „Златна зора“ , инспирирана од нацистите, дека ги поттикна протестите.

SHARE

Оставете Коментар