Граѓаните на Ѓаковица со слогани „Нема мир без правда“ и „Крвта на албанските деца убиени од Србија не е простена” се спротвставија на „доаѓањето на Србите“кои најавија посета на црквата во овој град и на домовите од кои се раселени.

Вчера преку Фејсбук, беше споделуван повик за протест: “Утре на 28 август во 8:00 часот на улицата „Кралицаа Теута“ ќе протестираме против доаѓањето на српските криминалци во Ѓаковица“, се вели во повикот на кој се придружи и здружението  „Мајки“ од Ѓаковица.

Пред неколку дена, основачот на Центарот за хуманитарно право, Наташа Кандиќ, го повика претседателот на Косово, Хашим Тачи, да им овозможи на Србите од Ѓаковица да ја посетат црквата.

„Во оваа прилика барам од вас лично да се ангажирате, Србите од Ѓаковица, на 28 август 2018 година да ја посетат нивната црква инивните домови и да не бидат подложени на понижување, како минатата година“, напиша Кандиќ во писмото што беше објавено вчера.

Тачи од своја страна изјави дека „денес е незамисливо и неприфатливо да се кршат правата или да не се дозволи посетата на српските граѓани на верски објекти, без разлика дали е тоа “во Ѓаковица, или никаде на друго место во Косово“, пренесува косовска „Газета Експрес“.

SHARE