Протест за подршка на Никола Груевски (ВИДЕО)

Граѓани и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Kривичниот суд  побараа од претседателот Ѓорге Иванов да го прекине, како што велат, прогонот врз експремиерот Никола Груевски.

рече дека самоиницијативно како членови на партијата и почитувачи на ликот на Никола Груевски дошле пред зградата на Судот за да упатат неколку пораки.

„Го повикуваме претседателот Иванов, единствениот политичар кој има кредибилитет, да донесе одлука да се прекине овој прогон. Упатуваме јасна и недвосмислена поддршка за Иванов. Упатувам и поддршка за Никола Груевски, бидејќи сме благодарни за неговите залагања. Тој се бореше за правда, ние ја поддржуваме борбата“, рече Александар Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Макфакс.

Демонстрантите велат дека покрај сите криминали во државата, на Груевски му се судело за набавка на „мерцедес“ кој сè уште се возел.

Груевски е осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“ на СЈО за незаконска набавка на „мерцедес“ од 600 000 евра.

https://www.facebook.com/dw.macedonian/videos/1444360662375496/