Во 10 часот претпладнево започна мирниот протест пред Основниот суд Скопје за слобода за Филип Достовски, основачот на движењето „Зелена Алтернатива“ и едукатор во регионот за лекувањето со масло од канабис, кој одговара пред законот порадитоа што полицијата кај него пред две години пронашла одредена количина канабис сатива.

Во изјава за овинарите Достовски рече дека не се чувствува виновен и дека марихуаната е и лек:

„Обвинителката ми кажа на едно рочиште „не се секирај, знам се што си правел, си правел и за мои блиски луѓе“. Сакам да прашам дали тие луѓе ќе се сложат со обвинението што е покренато против мене, обвинението е смешно. Позади мене немам никој, ко што ме обвинуваат дека стојат бизнис структури. Најверојатно ќе ме судат на база на мислење не на знаење. Треба да ме судат на база на научни податоци, а не на суеверие“.

Од „Зелена Алтернатива“ сметаат нема посoодветен момент да се побара декриминализација и легализација на растението, кое, според науката, може да помогне, но никако да наштети.

„Канабисот е лековито растение, кое на илјадници граѓани во Македонија им го продолжува животот, но и на стотици им го загрозува поради строгите и неоправдани законски регулативи“, пишува во повикот на организаторите на социјалните мрежи кои укажуваат дека постоечкиот закон не прави разлика помеѓу дилер и пациент, пренесува „Макфакс“.

„Законот вели дека секој граѓанин во РМ кој избрал да се лечи со канабис е криминалец и е во опасност да биде кривично гонет…Филип не е дилер, Филип несебично се бори сите ние да се лекуваме поуспешно…“ пишуваат организаторите кои повикаа на протестот.

Оставете Коментар