Безбедноснте власти во Берлин понудија да испратат федерална помош во источната држава Саксонија во вторникот, по насилството за време на екстремно-десничарскиот протест во градот Кемниц, во кој беа повредени најмалку шест лица.

Протестите избувнаа доцна во понеделникот, предизвикани од убиството на 35-годишен Германец во расправа со мигранти за време на викендот.

Протестите набргу се претвориле во судир меѓу неонацисти и левоориентираните контра-демонстранти.

Десничарите извикувале дека Ангела Меркел мора да си замине и носеле транспаренти на кои пишувало „Запрете го мигрантскиот бран“.

На собирот на левицата имало транспаренти на кои пишувало „Менуваме расисти за бегалци“.

Опозициските партии ја критикуваа полицијата дека не успеала да го спречи насилството.

„Полицијата во Саксонија е во тешка ситуација“, изјави министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер. „Ако тоа биде побарано, федералната влада ќе обезбеди полициска поддршка“.

Пратеник од партијата на зелените, побара министерот Сехофер да размисли за оставка, обвинувајќи го дека потикнувал антимигрантски чувства во текот на изминатата година, јавува Еј-би-си њуз.

 

Оставете Коментар