Протести пред утрешното потпишување на договорот за името

Некаков Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија, од вчера организира протести пред грчкиот парламент каде денеска се очекува да се гласа за недоверба на владата на Алексис Ципрас.

Утре се очекуваат протести во од грчката страна на регионот Преспа каде е очекува да биде потпишувањето на договорот за промена на името на Република Македонија, а МИА јавува дека веќе се организираат и автобуси кои би ги носеле луѓето таму.

За утре во Битола протест најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која не го поддржува договорот и останува на ставот дека нема да даде поддршка за промена на Уставот.

Министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас утре на грчка страна од Преспанскиот регион ќе стават потпис на договорот Заев-Ципрас со кој официјалното име на земјава ќе биде Република Северна Македонија erga omnes односно скратено – Северна Македонија.

На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе присуствуваат на потпишувањето на договорот, а предвидено е и присуство на високи претставници на меѓународната заедница, високата претставничка за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, но нивното прусуство официјално се уште не е потврдено, информира МИА.