Протести во 700 градови против имиграционата политика на Трамп

Loading...

Луѓе облечени во бело луѓе протестираа во над 700 градови во САД, во знак на протест против мигрантската политика сокоја деце биле одделувани од семејства на границата со Мексико, пренесоа американските медиуми.

Над 2.000 деца беа одвоени од нивните семејства како резултат на политиката на Трамп. Демонстрантите побараа владата брзо да ги состави поделените семејства.

Во градот Портланд, Орегон, дојде до судир со контра-протестанти поради што мораше да интервенира и полицијата.

Околу 30.000 луѓе протестираа пред Белата куќа и покрај топлината. Пожарникарите фрлаа вода врз насобраните за да им помогнат да се оладат.

Демонстранти се собраа и во близина на голф теренот во Њу Џерси, каде Трамп го поминува викендот.

Освен во традиционално либералните средини кон имигрантите како што се Њујорк и Лос Анѓелес, протести се одржаа и во конзервативните средини како што е сојузната држава Вајоминг, забележуваат агенциите.