Против кого се бори Командант Хоџа за 585 евра – пишува Горан Момироски

Loading...

Спиред канадскиот Центар за превенција од радикализација која води до насилство постојат 4 видови насилства против кои ќе треба да се бори Џезаир Шаќири како надворешен хонорарен соработник на премиерот за борба против радикализам како што по три дена молк објави владата.

Командантот Хоџа кој според лично тврдење го окупирал а потоа и го ослободил селото Танушевци сега има сериозен предизвик во Владата. Тој ќе се бори со сериозни теми и сили кои ги подржуваат.

Во соопштението не се прецизира дали Шаќири ќе бие битка и против насилниот радикализам но со оглед дека ќе советува за безбедносни прашања логично е да се соочи со насилни закани за Македонија.

Според канадскиот центар, радикализацијата која води до насилство има различни форми во зависност од периодот и контекстот и е поврзана со 4 различни каузи и идеологии: десничарски екстремизам, политичко религиозен екстремизам, левичарски радикализам и екстремизам поврзан со специфични теми.

Десничарски екстремизам

Ова е форма на радикализација поврзана со фашизам, расизам, и ултранационализам. Таа е карактеризирана ао насилна одбрана на расен, етнички или псевдо – национален идентитет и е поврзана со радикално непријателство против државните власти, малцинства, емигранти и левичарски групи.

Ако се тргне од оваа дефиниција на канадскиот центар, Командант Хоџа за помалку од 600 евра месечно ќе се бори со сите што сметаат дека насилната одбрана на македонскиот етнички идентитет е легитимен начин на борба.

Ако тука се додадат грчките и бугарските тврдења дека Македонците имаат псевдо – национален идентитет и истиот ќе го бранат со насилство, Џезаир Шаќири и неговиот нов шеф имаат сериозен предизвик пред себе. Затоа што од тие 47 % кои не сакаат никаква промена на уставното име голем дел не исклучуваат и насилство против владата како метод за заштита на својот етнички идентитет.

Во оваа група спаѓаат и обвинетите за 27 април и десетиците илјади луѓе кои протестираа 70 дена за унитарна Македонија, меѓу нив оперски пејачи, актери, ремисери, професори и други.

Меѓу другите целни групи кои според теоријата за радикализмот ќе се најдат членови на партијата Левица кои не исклучуваат насилство за доаѓање до социјална еднаквост но и членови на ИСИС кои сметаат дека владата треба да го почитува шеријатското право а за да дојде до би употребиле насилство.

Кај радикализацијата поврзана со специфични прашања Командант Хоџа потенцијално ќе има најголем проблем со насилни членови на Анима Мунди и екологисти, екстремни противници на абортусот, а ќе мора да ја брани државата и од насилни противници на правата на жените и ЛГБТ заедницата.

Според британскиот истражувач Иан Велш радикали се тие кои што не веруваат дека системот може да се промени сам од себе.

Во држава како Македонија каде ретко кој мисли дека било кој систем може да се промени во добар правец сам од себе командантот на поранешната окупирана зона Танушевци сеуште не знае што го чека во новата слободна зона во владата.

Фото: Јутјуб