Граѓанските здруженија се незадоволни од одлуката на владата со 1,5 милиони евра да го решава проблемот со енормната загаденост на воздухот.

Буџетот на владата за идната година предвидува 3,7 милиони евра за нови возила, 3,3 за уредување на кабинети и еден милион евра за привремени вработувања.

За заштита на животната средина, државата планира да потроши 1,5 милион евра..

Граѓанските здруженија ги потсетија актуелните министри и градоначалници на ветувањата за чист воздух од изминатите изборни процеси, пренесува Сител.