Прв пат по долго време: Владата не го брани ребалансот пред медиумите

Новинарот на Алсат – М Горан Теменугов забележува дека по долго време еден министер за финансии не организира прес конференција за на неа јавно ги брани решенијата на ребалансот на буџетот.

И во времето на предходната влада се случувала селективна покана за дел од медиуми но сепак имало прес конференции на кои новинарите можеле да добиваат одговори за промената на државната каса, вели новинарот на Алсат-М.

“Ова е првпат по подолго време за ребаланс на буџет, да нема прес после владина седница и министерот за финансии да не ги брани измените пред јавноста. П. С. Во времето на ВМРО ДПМНЕ се случувало да ги викнат само Сител, Канал 5, Алфа, Нова и МТВ, па да бидат изненадени од појавувањето на Алсат М. Па се распрашувале меѓу колегите кој ја издал ексклузивната ноќната дружба на која сме биле вишок. Барем сега во владата се помирни. Нема никаков прес…”, нашиша Теменугов кој важи за принципиелен новинар специјализиран за економска проблематика.