Прва „реформа“ на новиот министер за култура – албански на вебсајтот

Прв вистински работен ден на новиот министер за култура Асаф Адеми по вчерашното примопредавање со својот претходник Роберт Алаѓозовски и прва „реформа“ – првата вест на официјалната вебстраница е на албански јазик.

Станува збор за информацијата дека „амбасадорот на САД, Џес Бејли, и министерот за култура Асаф Адеми го отворија Симпозиумот за менаџмент во културата“.

Не само што албанскиот јазик не е службен на целата територија на државата, а со тоа ни во институциите на државно ниво заедно со македонскиот, иако тоа го предвидува Законот за употреба на јазиците на кој вето стави претседателот Ѓорге Иванов и тој сè уште не е објавен во „Службен весник“ за да стапи во сила, тој доби предност во однос на официјалниот јазик во државата. Дури по верзијата на информацијата на албански следува таа на македонски на вебсајтот на Министерството.

Адеми е кадар на новиот партнер во владината коалиција, крилото од Движење БЕСА на Африм Гаши.

 

2 Коментари

Comments are closed.