Основачот на бугарската партија АБВ и екс-претседател на Бугарија Георги Парванов денеска имал средба сио премиерот Бојко Борисов на која побарал да биде усвоена дефиниција за „заедничката историја“ на Бугарија и Македонија.

Според зборовите на Прванов, АБВ би го поддржале развојот на договорот за добрососедство со Македонија но доколку се постигне согласност за нашата заедничка историја.

Од партијата сметаат дека треба општобугарска позиција за поимот „заедничка историја“ со Македонија и дека иднината на сосетката не може да поминува низ грабеж на бугарската историја и подбивање со фактите.

Прванов се изнервира дека при прославата на Илинденското востание македонскиот премиер Зоран Заев не ги спомнал бугарските воини. Илинденско-преображенското востание е бугарско, истакна Прванов и додаде дека би можел да го докаже со стотици документи дека самосвеста на организаторите и иницијаторите на востанието е бугарска.

Лидерот на АБВ Румен Петков инсистира да се одржи дебата, на која ќе се постигне  институционална и политичка општобугарска позиција за дефинирање на поимот заедничка историја.

Според неговите зборови, не е сериозно да се ограничи нашата заедничка историја само во рамките на Отоманската империја.

„За нас е важно да го поддржиме стремежот за евроатлантска иднина на Македонија. Тоа е прашање на свесна иднина за перспективите меѓу Бугарија и Македонија, но тоа не може да оди без вистината за нашата заедничка историја“, истакна Петков.

Тој се закани дека од партијата ќе се обратат и до Комисијата за надворешна политика во Собранието, бидејќи тоа е општобугарско прашање околу кое треба да се постигне една заедничка позиција.

Оставете Коментар