Прванов: „Вардарска“ или „Нова“ е соодветно за Македонија

Бугарија не е треба да остане индиферентна во спорот за името на Република Македонија, изјави . денеска во бугарскиот град Сливен, Георги Прванов, поранешниот бугарски претседател  во периодот 2002 -2012 година.

Парванов истакна дека единствени од партија Алтернатива за бугарска преродба (АБВ) реагирале на предлогот „Илинденска Македонија“ како ново име на соседна Македонија.

Илинденска Македонија значи откажување од античките претензии на Скопје, но е директно вмешување на бугарската историја. Бугарија не смее да остане индиферентна во овој спор, но тоа е само дел од големата дискусија за нашиот идентитет“ рече Прванов.

Според него, соодветно би било името „Вардарска Македонија“, како географска поим или „Нова“.