Првата победа на Македонците против “Северна Македонија“ (ФОТО)

Се исплатеше упорноста и посветеноста на Македонците од цел свет поттикната од глобалното движење „Ние сме Македонија“.

Иако може да звучи патетично реакциите на Македонците придонесоа за првата победа против користењето на името Северна Македонија.

Откако вчера вебстраницата „Паспорт индекс“ (passportindex.org) специјализарана за рангирање на пасошите ја го смени уставното име во Северна Македонија а потоа Северна ја стави во заграда денеска целосно повлекување на страницата која ги мери пасошите според тоа во колку држави може да се патува со нив без виза.

По реакцијата на Македонците од цел свет, од вебстраницата ја вратија верзијата која се именуваше до пред неколку дена и сега македонската патна исправа повторно се води под името „Македонија“!

На листата на „Паспорт индекс“ македонскиот пасош го дели 35. место со тој на Тонга, со кој исто така може да се патува без виза во 117 земји.