Агенции јавуваат дека дождот би можел да ја отежне операцијата за спасување на 12 деца и нивниот тренер кои веќе 15 дена се заробени во пештера во Тајланд која започна утрово.

 

Во меѓувреме, беа објавени и првите фотографии од внатрешноста на лавиринтот пештери од натчовечките напори на спасувачки екипи да стигнат до заглавените.

Ризичната операција почна утрово, а првите првите спасени се очекуваат денес во попладневни часови по средноевропско време.

„Тринаесет експерти од светска класа од земји со искуство во спелеологијата и пет членови на на тајландската морнарица се упатија кон местото каде се децата.

SHARE