Првични резултати од ДИК: Излезност 36,11%, „ЗА“ 91,27%

Државната изборна комисија доцна во недела ги објави првите неофицијални резултати, добиени од повеќе од 85,71 отсто обработени податоци.

Обработени се 3.011 избирачки места, 541.301 граѓани гласале или 36,11%. 532.218 се важечки ливчиња, неважечки 16.073, неупотребени се 960.993 ливчиња.

„Спроведовме добро организиран референдумски процес. Имаше повеќе субјекти кои секој на свој начин придонесоа за успешноста на овој процес. Атмосферата беше добра со исклучок на минорен број инциденти“, рече Оливер Дерковски, претседател на ДИК, кој смета дека на референдумот не била донесена одлука.

SHARE