Првиот човек на Интерпол поднесе оставка

Менг Хонгвеј, директорот на Интерпол кој од 29 септември е задржан од кинеските власти кои отворија истрага против него, поднел оставка функцијата, објави меѓународната полициска агенција.

Интерпол не ги најави причините за неговата оставка, но јави дека таа стапува веднаш.

До именување на нов директор, функцијата ќе ја извршува потпретседателот на Извршниот одбор, Ким Јонг Јанг кој е од Јужна Кореја.

На 28 септември петокот, сопругата на Менг Хонгвеј изјави дека не се слушнала со него, откако тој заминал за Кина кон крајот на септември. За новинарите во Лион, каде што е седиштето на Интерпол, таа изјави дека се загрижила откако од својот сопруг добила заканувачки пораки.

SHARE