Првиот човек на Пентагон во Скопје

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис утрово пристигна во Скопје, вест што ја пренесуваат медиумите во регионот.

Тој беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска по што замина во Владата на средба со премиерот Зоран Заев.

По средбата е предвидена конференција за медиумите.

„Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис пристигна во официјална посета на Македонија, за лично да ја пренесе поддршката на САД за македонскиот народ. Ова е прва посета на американски секретар за одбрана по 14 години, и за прв пат во историјата од независноста – втора средба на човек на оваа клучна позиција во американската администрација со македонски колега, во една година, за само 5 месеци. Тоа зборува за личната заложба на секретарот Матис за членството на Македонија во НАТО. Силна поддршка која високо ја цениме!“ напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на ФБ, пренесува порталот „Фактор“.

Секретарот на САД за одбрана изрази загриженост дека е можно мешање на Москва во процесот.

„Ако има гласање, Москва ќе се меша. Јас сум загрижен за тоа. Такво мешање Русија поттикнуваше од Естонија до САД,од Украина а сега и во Македонија, секогаш се прилагодува на ситуацијата“изјави Матис пред новинарите пред пред поаѓањето за Македонија.

Њујорк тајмс“: Москва прави огромни напори за неуспех на референдумот!

SHARE

Comments are closed.