Прво беа примени во Собранието од Талат сега од Заев бараат “Република Илирида”

Фотографијата е од средба што се случила лани во мај во кабинетот на спикерот на парламентот Талат Џафери.

Припадници на вонуставната организација „Република Илирида“ која што не ја признава македонската унитарност и устав кои што лани имаа средба со претседателот на македонското собрание Талат Џафери во неговиот кабинет,сега јавно бараат спроведување на нивната идеја за формирање на Република Илирида.

Одговарајќи му на албанскиот премиер Еди Рама кој честиташе роденден на новата држава Северна Македонија групата со барањето за формирање на Република Илирида му се обраќа и на премиерот Заев.

Припадници на оваа според законот илегална организација имаат и предлог знаме на новата држава.

Групата која тврди дека е „Федерална единица на заедничката држава ФИРОМ“ лани официјално потврди дека “Албанската национална армија“ имала средба со Талат Џафери во просториите на Собранието.

На средбата се разговарало за позициите и правата на Албанците во Поранешната Југословенска Република Македонија како што ја нарекуваат земјата, како и за нивните идни планови и можна соработка со други организации и институции во ФИРОМ, Албанија и Косово.

Организацијата „Република Илирида“ според нејзините членови е формирана на 6 април 1992 година од активисти во Струга.

Според фотографиите до кои дојде expres.mk 7  членови на „Република Илирида“ имале средба во кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери а за оваа средба македонската јавност не била запознаена од прес службата, кабинетот и телата на македонското собрание.

Линк до веста во која се потврдува средбата на групата со Талат Џафери.

Кој сака да ја урне владата уште неизбрана – Илирида се пофали со средба кај Талат Џафери

SHARE

Оставете Коментар