Прво да се средиме ние, Балканот нека чека, вели Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Европската унија не треба да прима нови членки додека не се интегрира подлабоко и не ги спроведе реформите.

Во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур, францускиот претседател рече дека сака да го зајакне Западен Балкан со европскиот проект, но сега не е време да се примаат нови членки, пренесе агенцијата БЕТА.

„Ќе го поддржам проширувањето само ако прво има продлабочување и реформи на нашата Европа“ рече тој.

Макрон изјави дека не сака Балканот да се сврти кон Турција или Русија, но тој смета декане сака ЕУ, која денес тешко функционира со 28, а утре со 27 членови, да одлучи да прими нови членки под истите правила.

АП јавува дека францускиот претседател денес го отфрли секое проширување на Европската унија откако претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, предупреди дека нестабилниот Балкан може да се соочи со враќање во војните ако земјите во регионот немаат надеж за приклучување.

SHARE