Уште еден тендер тежок 50 илјади евра доби „Пуцко петрол“ со што фирмата која е во сопственост на градоначалникот на ДУИ во Пласница, Исмаил Јахоски, добила вкупно 392 тендери вредни 34,56 милиони во последните 18 месеци.

Според последниот тендер „Пуцко петрол“ ќе испорачува гориво за греење за објектите на Вила Дојран, Комплекс вили Охрид, Вила Попова Шапка, Вила 2 Скопје, Вила 3 Скопје и Клубот на Републички органи – Скопје.

Пред десетина дена оваа фирма го доби тендерот од 15 милиони евра за набавка на гориво за автобусите на ЈСП.

Во декември минатата година Министерството за одбрана го раскина договорот со „Пуцко петрол“ за снабдување со мазут поради немање лиценца за трговија со мазут. Овој случај го откри МКД.мк, а потоа следуваше реакцијата на Министерството за одбрана за раскинување на договорот.

SHARE