Пуштени во оптек и до четири пати поиздржливите банкноти

Народна банка на Република Македонија (НБРМ) денеска ги пушти во оптек новите пластични, полимерни банкноти од 10 и 50 денари, истовремено почнувајќи го процесот на повлекување на досегашните хартиени банкноти во наведените апоени.

Пластичните пари траат и до четири пати подолго од книжните, чија основа се памучни влакна, а новите банкноти имаат и издигнати точки заради распознавање од лицата со оштетен вид.

Хартиените банкноти од 10 и 50 денари ќе можат да се заменат со полимерни или со кованици во наредните година дена во сите комерцијални банки, а потоа само во централната банка.

На овој начин Македонија им се придружи на Австралија, која во 1988 година прва во светот воведе пластични пари, а потоа ја следеа Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеј, Романија и уште неколку земји.

 

Оставете Коментар