Рускиот претседател Владимир Путин го посети фудбалскиот парк на Црвениот плоштад во Москва, каде што ги покажа и своите вештини во најважната споредна работа на светот.

Тој изведе симболичен шут на импровизираниот фудбалски терен во паркот во непосредна близина на трговскиот центар „Гум“.

Путин го обиколи павилјонот во кој е поставен шампионскиот пехар, т.н. „божица“, наменета за репрезентацијата што ќе го освои Светското првенство, кое во моментов се одржува во Русија.

Друштво на шефот на руската држава му правеа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, претседателот на Организацискиот комитет на СП 2018 во Русија, Алексеј Сорокин, како и неговиот помошник Игор Левитин. Од фудбалските ѕвезди беа присутни Роналдо, Лотар Матесу, Икер Касилјас, Карлес Пујол.

Паркот на фудбалот на Црвениот плоштад е отворен пред една недела, а ќе работи до затворањето на мундијалот на 15 јули.

https://www.facebook.com/riakremlinpool.rianovosti/videos/1836824446384655/