Путин му помогнал на Трамп да стане претседател!?

Мериканските сенатори усвоија извештај според кој нема дилема дека Русија и лично претседателот Владимир Путин се вмешале во американските избори и влијаеле за победа на Трамп против Хилари Клинтон во 2016 година.

Русија и рускиот претседател Владимир Путин се мешале во американските претседателски избори во 2016-та година со цел да му помогнат на актуелниот претседател Доналд Трамп да победи, стои во извештајот на американските сенатори објавен вчера.

Извештајот на Одборот за разузнавачката заедница при американскиот Сенат ја потврди проценката на американските разузнавачки агенции кои две години го тврдат тоа.

Извештајот објавен сега, на две седмици пред закажаната средба на Доналд Трамп и Владимир Путин во финскиот главен град Хелсинки.

Оставете Коментар