Путин на свадба кај шефицата на австриската дипломатија

Бран од критики во Австрија по одлуката на министерката за надворешни работи Карин Кнајсл да го покани на нејзината свадба рускиот претседател Владимир Путин.

Австрискиот европратеник Михеј Рајмон ја повика министерката да поднесе оставка а доколку не сака, тогаш премиерот Себастијан Курц да у предложи на шефот на државатат Александар ван дер Белен таа да биде отстранета од функцијата.

Таква посета на рускиот претседател е на штета на Австрија и буди сомневање дека земјата е „тројански коњ на Русија во ЕУ“, смета австрискиот политиколог Герхард Мангот во интервју за агенцијата ДПА. Според него, поканата му овозможува на Путин да покаже дека не е во изолација.

Свадбата на Карин Кнајсл е закажана за 18 август.

Кнејсел за функцијата министер е предложена од австриската Партија на слободата, за која има податоци дека е поврзана со партијата на Путин „Единствена Русија“, потсетува Би-Би-Си.

Австриските медиуми потсетуваат дека посетата на Путин во Виена пред два месеца ги чинела австриските даночни обврзници 423 илјади евра.

Во одговор на бранот критики претставник на австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека  Путин доаѓа во „работна посета“ и дека руската страна ќе ги покрие сите трошоци, односно дека „приватната посета на приватно прослава“ не менува ништо во  надворешнополитичката позиција на Австрија“.

Австрија во моментов е претседавач со ЕУ.

SHARE