Путин: Рушењето на авионот е несреќна околност

Рушењето на рускиот воен авион „Ил-20“ се чини дека е „низа на трагични околности“, одговори рускиот претседател Владимир Путин На прашањето дали го поистоветува настанот со турскиот напад во 2015 година.

„Анкара тогаш намерно го сруши рускиот авион, а ова со Израел е, се чини, несреќен случај“, рече Путин и додаде дека безбедноста на руските сили во Сирија ќе биде драстично зголемена, „на начин што сите ќе го забележат“.

Изјавата на претседателот е многу поумерена од претходната на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, кој го извести својот израелски колега Авигдор Либерман дека, „Москва нема да ги остави израелските дејствија без одговор“.

Русија и Израел досега успеваа да одржат релативно добри дипломатски односи.

SHARE