Путин: Русија не ја напушти Г8, сакам да ги видам во Москва (ВИДЕО)

Loading...

Русија никогаш не ѝ го сврте грбот на Г8  (сега Г7), изјави рускиот претседател, говорејќи на состанокот на Шангајската организација за соработка (SCO).

„Што се однесува до враќањето на Русија во ‘седумте“, ‘осумте’[Г7, Г8] – нние не го напуштивме.  Нашите колеги еднаш одбија да дојдат во Русија поради познати причини. Ќе бидеме среќни доколку ги видиме сите во Москва “, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата во Џингдао, Кина каде што се одржа самитот.

Земјите членки на Г7  вчера го одбија предлогот на американскиот претседател кој на средбата во Канада предложи, Русија да биде поканета да се врати во  групата најразвиени индустриски земји откако беше „исфрлена“  поради анексциајта на Крим во 2015 година.

Самитот на Г7, се чини, доживеа пораз откако Доналд Трамп  ја повлече американската поддршка на заедничката изјава на Г7 и повторно се закани со воведување на нови царини за увоз на производи, што беше една од најголемите несогласувања на самитот.