Зпадни медиуми пишуваат дека Запад бил „во шок“ откако рускиот претседател Владимир Путин и контроверзниот саудиски принц Мохамед бин Салман срдечно се поздравиле на самитот на Г20 во Буенос Аирес.

Според западните медиуми, принцот и идниот владетел на Саудиска Арабија, кој е во центарот на вниманието поради сомневањето дека го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, бил осамена личност во собата додека не се појавил Путин.

„Путин ја крена раката кон Салман, што тој воодушевено го прифати со широка насмевка”, пишува Daily Mail, во текст под наслов „Крвави браќа“, во кој потсетува на наводната вмешаност на рускиот претседател во „труењето“ на шпионот Сергеј Скрипал.

 

SHARE

1 Коментар

  1. Се шокирале што Путин се поздравил!? А тоа што тие му шиткаат оружје и што го подржуваат неговото “демократско” владеење не за шокирање за поздравување е.

Оставете Коментар