Работи глобално, игнорирај домашно, Лиле Поповска на семинар

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, ќе учествува на Светскиот самит за климатски промени што ќе се одржи во Катовице, Полска (КОП24), како дел од делегацијата на Институтот за зелена економија од Оксфорд, во периодот од 1. до 9. декември 2018 година, информираат од нејзината партија.

Пратеничката и почесен претседател на единствената “зелена партија” во Македонија цели 8 дена, во моменти кога нејзината земја се соочува со катастрофално загадување ќе расправа за глобалните проблеми.

Владата во чија коалиција е ДОМ на Поповска не презема никакви мерки против аерозагадувањето, заменикот министер за екологија спие на седници во Собранието а зелената партија не размислува за сериозни активности дома туку за семинари во странство.

И покрај енормното аерозагадување и намалување на буџетот за екологија ДОМ не размислува да ја напушти владата.

Според објавата на ДОМ Поповска во Полска ќе учествува на редица настани посветени на резултатите од спроведувањето на обврските на Парискиот климатски самит и предизвиците со кои е соочена Планетата Земја, поради отпорот на некои земји, кои придонесуваат во голема мерка за испуштањето на стакленички гасови и покачувањето на температурата и нивото на океаните.

Република Македонија е потписник на Парискиот договор и има преземено обврски за сериозно намалување на испуштањето стакленички гасови, за што се направени и стратешки документи и планови.

Ноќеска Македонија забележа рекордно ниво ма аерозагадување на неколку локации.

SHARE

1 Коментар

  1. E, toa ti se vika diplomat: sekogas so vlasta, za gjebot, nikogas za narodot, a platen od narodot! Duri i tatko i ne mozese ova da go svari, pa si otide covekot so vecnata poraka: Imeto ne e ustavno, toa e istorisko, ama kerka mu toa ne moze(she) da go sfati!

Оставете Коментар