Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, можеби е најбогат човек во светот, со богатство тешко 112 милијарди долари, но некои од оние што работат во неговите складишта се толку очајни да ги задржат своите работни места, што се плашат да одвојат време и да одат во – тоалет.

Работниците на „Амазон“ уринираат во шишиња бидајќи најблиските тоалети се оддалечени стотици метри, па се плашат дека ако одат во тоалет ќе изгубат многу време, пишува „Бизнис инсајдер“.

Во складот англиски „Стафордшир“ со големина од 65.000 квадратни метри работат 1.200 работници, кои треба да одат најмалку десет минути за да стигнат до двата тоалета на приземјето на четирикатната зграда.

„Луѓето уринираат во шишиња затоа што живеат во страв од дисциплински мерки поради губење време. Тие се плашат да не ја изгубат својата работа само затоа што морале да одат во тоалет“, вели новинарот Џејмс Блуворт, кој беше вработен во едно складиште на „Амазон“ како дел од истражувањето за лошо платени работни места во Велика Британија.

Истражувањата покажаа дека околу три четвртини од работниците во магацинските складишта во „Амазон“ се плашат да одат во тоалет, бидејќи во просек треба да спакуваат два производа во една минута.

 

SHARE