Редовно се тврди дека има недостиг од работна рака во Бугарија. Дали е тоа навистина точно? Една нова студија покажува дека во прашање е еден друг недостаток –  пристојна работа и пристојна плата.

Да си работник во Бугарија, – тоа веќе звучи навредливо, пишува Дојче веле во анализа во која се обидува да одговори на прашањето дали на оваа земја ѝ недостигаат луѓе или пристојни плати.

„Засега нема официјални податоци кои покажуваат дека постои толку тежок недостаток на работна сила, посочуваат авторите на студијата. Во исто време миграцијата кон странство продолжува да расте – само во 2017 година близу 27 000 бугарски државјани емигрирале од земјата, а 89 проценти од нив се во активна економска возрас“, пишува Дојче веле.

„Не можеме да даваме пари додека продуктивноста е ниска. А ако сакаат да ги експлоатираат, нека и одат “. Ова е уште една омилените фрази на голем број бугарски работодавци.

Дали е тоа навистина точно?

Авторите на студијата на здружението „Солидарна Бугарија“ инесуваат еден сериозен аргумент против таквите тврдења – растот на просечната плата за периодот 1991-2014 година, според кој од 1992 година започнува драстичен пад на платите во однос на продуктивноста.

Тоа е почетокот на транзицијата, кога започнува и „трансформација“ на бугарската тешка и лесна индустрија – приватизацијата, стечајот на претпријатијата, губењето на традиционалните пазари, недостаток на технолошки обнова, ликвидација на цели индустрии како и на индустријата за оружје, почеток на големите емиграциони бранови.

Се разбира, работниците најпрво почувствуваа колку биле остри и болни овие трансформации.

Таканаречената „работничка класа“ – бравари, стругари, леари, мајсторите воопшто, сведена денес претежно на камионџии, чистачи и електричари – почна да се топи, иако Бугарската социјалистичка партија која претендираше да ги штити нејзините интереси, управуваше официјално или тајно во годините по 10 ноември 1989 година (паѓањето на комунизмот).

Во овој период, индексот на реална плата е значително под продуктивноста на трудот. И иако по 2006 платите видливо да се зголемуваат, тие и досега не можат да ја достигнат продуктивноста.

А во периодот 2010-2014 година платата не само што не стигна средноевропски нивоа, туку и назадува.

(…)Од презентираната студија станува јасно дека бугарската стратегија за ниски даноци и евтина работна сила, рекламирана од инвеститорите, не е во корист на бугарските работници. Во интервјуа, направени преку Скајп, млади Бугари во странство говорат за предностите да се работи во нормалните европски држави – гарантирано плаќање, гарантирано право на одмор, јасна работна регулатива. „Кога работите над определените часови  во неделата, добивате дополнителни слободни денови”, објаснува а млада Бугарка која работи во Франција. Доколку  некој што работи во бугарска компанија со бугарски сопственик може да се пофали со таква предност, тоа сигурно ќе биде преседан.

SHARE

Оставете Коментар