Радев: Бугарија може да го напушти НАТО

Меѓународната политика е толку динамична што некои држави можата да направат радикални чекори, вели бугарскиот претседател Румен Радев во врска со Сирија, пренесуваат бугарски медиуми.

“Во сегашнава ситуација има сериозен ризик повеќе од 30 држави на НАТО да станат заложници на спорови со кои немаат ништо заедничко. Во таков случај може да се покаже разумно едноставно да се напушти НАТО и да се прогласи неутралност вели Радев, кој смета дека Бугарија не смее да стане цел на бомбардирања без да има никаква вина, само затоа што е сојузник. Тоа според него е апсурдно и неразумно.

“Во случај на глобална војна Бугарија сигурно ќе стане цел затоа што САД предвидува овде бази и командни центри на кои единствена цел им е да одстранат дел од руските ракети”, вели претседателот на Бугарија кој смета дека правно Русија може да прати некоја ракета согласно договорот за НАТО.

Радев вели дека во случајот во кој Софија нема ништо со Сирија и случајот Скрипал, ниту со глобалните спорови Бугарија ќе излезе како идиот – сојузник кој е добар само за да биде дел од војна.

Бугарските проруски медиуми што ја пренесуваат изјавата на Радев анализираат дека за да излезе Бугарија од НАТО треба одлука на парламентот, но дека е можно народот да излезе на улица да ја извојува својата слобода.