Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека не слушнал извинување од македонскиот премиер, Зоран Заев.

„Пишувањето во социјални мрежи не е извинување“, изјави Радев и додаде дека е дека е необјасниво зошто бугарската влада не одговара на ова прашање правилно.

Според шефот на бугарската држава, неприфатливо е  евроатлантската перспектива на Македонија да биде на сметка на бугарската историја, идентитет и суверенитет.

„Долгорочните интереси на нашата земја не можат да бидат жртви на минлива политичка пиратерија“, рече Радев, како што пренесува БТА.

Тој додаде дека од бугарската влада очекува јасни параметри на нашите односи со Македонија.

„Имаме основа за дополнителен анекс на Договорот за добрососедство и за вклучување на клаузулите во неа во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ“, вели Радев.

Премиерот Заев одговори на нападите и заканите од Бугарија

 

1 Коментар

  1. Zaev. Kade ja odnese Makedonija? Ova li se dobrososedski odnosi uceni, krazbi, …. soberi si gi partalite I da te nema od Makedonija

Comments are closed.