Бугарскиот претседател Румен Радев ja поздрави политичката храброст, лидерство и државничка одговорност кои водат кон приближување меѓу Бугарија и Македонија.

Според него, гласањето на промените во македонскиот устав се само почеток на еден пат кој треба да доведе до уште поголема блискост, пренесе БГНЕС.

„Резултатот од спроведеното гласање на 19 октомври 2018 година во парламентот е важен чекор за Република Македонија по еден долг историски пат. Тој треба да доведе до уште поголема блискост меѓу нашите две земји на принципите на пријателството, добрососедството и соработката”, изјави денеска бугарскиот шеф на државата.

Радев вели дека „изгледите за развој на нашите билатералните односи и нивното расчистување со идеолошките наслаги од блиското минато се од исклучително значење за зацврстување на поддршката на Република Бугарија за интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО„, се вели во соопштението на претседателот Радев.

SHARE