Рафална стрелба во Ченто, граѓаните вознемирени

Во скопската населба Ченто во општината Гази Баба попладнево се слушнале неколку долги рафали, јавуваат вознемирени граѓани кои што ги слушаат истрелите.

Според нив истрелите се од автоматско оружје најверојатно калашњиков затоа што во серија се слушаат по најмалку дваесетина пукотници. Денеска имало најмалку 5 серии пукања во поериодот од 15 до 17 часот.

Граѓаните велат дека со години пријавуваат во МВР за вознемирувачките пукотници но дека речиси никогаш по пријавите нема реакција и тие продолжуваат.

Пукотниците најчесто се случуваат во Јули и Август кога се организираат свадби.

Во последниве петнаесетина години од пукање на свадби и семејни веселби загинаа најмалку 3 лица а дваесетина се полесно или потешко повредени.

Оставете Коментар