Рахој сам ќе го бојкотира самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија

Шпанскиот премиер, кој од поодамна стави до знаење дека не сака да седи на иста маса со косовскиот претседател Хашим Тачи на самитот ЕУ – Западен Балкан што на17 мај ќе се одржи воСофија – останува осамен.

„Неговото инсистирање било залудно, пишува шпанскиот „Konfidensijal“. Премиерот Маријано Рахој не успеа да ги натера своите партнери во ЕУ да се приклучат на неговиот протест против учество на косовски претставник.

Поради актуелната ситуација во Каталонија и тамошното сепаратистичко движење, Мадрид избегнува да го признае Косово.

Но, Косово, кое е дел од „Западен Балкан“ со Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија, сепак ќе учествува на самитот, така што инсистирањето на Рахој било залудно, пишува весникот.

Според „Konfidensijal”, Рахој ќе оди во Бугарија, но ќе бидат таму за да се сретне со локалните власти и ќе биде присутен на вечерата со европските лидери еден ден пред самитот, а потоа ќе се врати во својата земја.

Во Брисел веќе е испратена порака дека Рахој нема да учествува.

И извори од шпанската влада потврдија дека Рахој нема да оди, иако учеството на Шпанија на самитот се уште е отворено прашање. Исто така, се додава  дека Рахој не се очекува да ја смени својата позиција во последен момент.

Така, пишува „Konfidensijaл“ , ниту јавната декларација ниту дипломатските барања не биле доволни за „ Косово да се чувствува помалку како држава“.

Западен Балкан, кој е многу далеку од Шпанија, сепак е клучен за Европската унија, констатира „Konfidensijal“ во статијата под наслов „Рахој ја губи војната на Балканот“.

Шпанија не е единствената членка на ЕУ што не го признава Косово, кое еднострано прогласи независност пред десет години. Грција, Кипар, Романија и Словачка, сите поради различни причини, но сите ќе учествуваат на самитот на кој само Рахој ќе биде отсутен.

Весникот заклучува дека Шпанија  доби само „утешна награда“ со тоа што што ќе се избегне „заедничка декларација меѓу ЕУ и Западен Балкан“ на која би се се потпишеало и Косово.

Наместо тоа, беше договорена европската декларација, со која балканските земји се согласија, но нема да ја потпишат.