Рама и Харадинај се потпишаа на албанското знаме (видео)

На денешната заедничка седница на владите на Албанија и на Косово во Пеќ, албанскиот премиер се наврати на Бриселскиот дијалог (Белград-Приштина) и изјави дека Косово епсолутно подготвено да ја одигра својата меѓународна улога“, но Белград не беше секогаш искрен.

Според премиерот Еди рама, „Косово е комплетна држава“ а Приштина секогаш имала „искрен приод во дијалогот“ со Белград.

Двајцата премиери се потпишаа на албанското знаме, а Рама ја повика Србија да “се спушти на земја“ бидејќи патот кон иднината не се гради „со нож во грб“.

Албанскиот премиер ги оправда воведените царини од 100 насто кон Србија и рече дека е договорено да немаат тарифни бариери меѓу Албанија и Косово.

По седницата членовите на двете делагации се фотографираа со рацете наместени во форма на двоглав орел.

 

SHARE

Оставете Коментар