Албанскиот премиер Еди Рама одговарајќи на прашање за „Голема Албанија“ вели дека не слушнал за такво нешто но затоа слушнал за „Голема Србија и Голема Грција, но не и Голема Албанија“.

Во февруари Еди Рама во Приштина изјави дека неговата земја и Косово еден ден би можеле да имаат единствен претседател како „симбол на национално единство“ меѓу Тирана и Приштина, бидејќи двата соседи, претежно етнички Албанци, веќе имаат заеднички дипломатски мисии ширум светот и додал:

„Зошто не и еден претседател, како симбол на национално единство?”!

Изјавата дека не знае за Голема Албанија, Рама ја даде на промоцијата на автобиографијата на косовскиот претседател Хашим Тачи, иконстатираше дека Косово станало „многу безбедно место за Србите и малцинствата“.

Тој се пожали дека „ ако Албанците се остават без јасна перспектива и надвор од природните текови – да бидат дел од поголема Европа, и се разбира дека сакаме во ЕУ бидејќи сакаме да бидеме заедно повеќе од денес, но ако избледне … “  рече тој без да ја заврши мислата.

Тој додаде дека косовските Албанци се единствените луѓе кои „не можат да се движат слободно“. Според Еди Рама прашањето за Голема Албанија е создаден за да „се оправда етничкото чистење, убиствата” и дека “не познава ниту еден националист кој го споменал терминот Голема Албанија“.

1 Коментар

Оставете Коментар