Рама во патики на премиерска средба во Црна Гора

Албанскиот премиер кој е познат по „лефтерниот“ стил на облекување ги изненади Црногорците кога на средба со колегата Душко Марковиќ, се појавил – во патики.

И ништо не би било необично за поранешниот кошаркар Еди Рама, доколку црните патики не биле во „комбинација“ со тегет костум надополнет со шарена кравата со ознака на кодот на земјата „Ал“.