Ранети во престрелка со калашникови во Тетово!?(ВИДЕО)

Двајца ранети и искршени стакла на локали бил епилогот од вчерашната претсрелка во Тетово која се случила околу 21, 0 часот.

Портпаролот на тетовската полиција Фатмир Реџепи за локалните медиуми соопштил дека дошло до судир помеѓу две групи, кои во возила од движење отвориле оган меѓусебе. Дел од куршумите завршиле во околните локали во центарот на градот.

Според очевидци, вистинска среќа е што во престрелката нема загинати бидејќи се пукало од „калашникови“ од возила во движење во ентарот на Тетово.

Причините за инциднтот не се познати, а се шпекулира дека меѓу учесниците во престрелката е висок функционер на ДУИ и раководител на Јавна институција.

SHARE

Оставете Коментар