Рангелова: Бев изложена на понижување и закани по живот , изолирана партија нема иднина

Пратеничката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова дека минала низ пекол за кој не знае дали бил спонтана реакција на граѓани или оркестриран напад вез неа.

Во врска со поставеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон западните сојузници а во врска со референдумот и уставните промени таа вели дека „Изолирана партија е партија без иднина”.

И покрај разочараноста најавува дека нема да гласа за уставните измени.

Рангелова беше еден од функционерите на опозицијата што излегоа и гласаа на референдумот.

,,По гласањето, јас и моите колеги бевме изложени на невиден притисок, омаловажувања, понижувања и закани по животот во јавноста преку социјалните мрежи, за кои сакам да останат избледнети спомени, кои ќе бидат заборавени во минатото“-вели во разговор за Призма пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Актуелната претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најмногу го привлече вниманието со излегувањето да гласа на референдумот. Таа изјави дека гласала „против“ на референдумското прашање, но нејзиниот чекор не беше во согласност со изјавите на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој официјално кажа дека секој треба да постапи по своја волја, но на терен ситуацијата беше поинаква, ако се земе предвид дека најголемиот дел партиски членови и поддржувачи го бојкотираа гласањето.

По ваквиот чекор, партиските членови се соочија со притисоци и закани, физички беше нападнат поранешниот амбасадор во Унгарија, Игор Есмеров, кој јавно изјави дека ќе излезе да гласа на референдумот, а фејсбук-профилот на Рангелова се наполни со напаѓачки пораки, кои сублимирано, оддаваа една единствена порака, а тоа е дека ги предала партијата и државата.

„Јас со крената глава и достоинствено на референдумот гласав „против“ Преспанскиот договор и тоа е во рамки на партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ – секој да одлучи по сопствено убедување. Јас дејствувам транспарентно во партијата и за мојот став дека сум против апстиненција или бојкот го информирав извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и не се каам поради тоа. Прашањето за името е натпартиско и за него треба да одлучуваат единствено граѓаните на Република Македонија, на референдум, затоа што само на тој начин ќе имавме јасна слика за волјата на граѓаните, дали сме „за“ или „против“. Но, за жал, по гласањето, јас и моите колеги бевме изложени на невиден притисок, омаловажувања, понижувања и закани по животот во јавноста преку социјалните мрежи, за кои сакам да останат избледнети спомени, кои ќе бидат заборавени во минатото“, вели таа со доза на разочараност бидејќи за ваквите притисоци немало никаква реакција ниту заштита од партијата.

„Не сакам да помислам дека ваквите закани се оркестрирани од некаков центар на интерес, но останува фактот дека партијата не се огласи со осуда и реакција на ваквиот низок степен на примитивизам кој преовладува на социјалните мрежи“-вели Рангелова.

Целото интервју на Рангелова за Призма на овој линк

6 Коментари

  1. Eve nema da ja ponizuvam, nitu da i’ pretam, kako sto veli deka i’ pravele, ama da nemas cuvstvo za govorot na narodot, a da si vodac na zenite od VMRO DPMNE, zasluzuvas VEDNAS da si podneses ostavka pred partijata. Ako, pak sega, po referendumot , sepak si ja sfatila porakata na NARODOT MAKEDONSKI, ne treba i ne smees da glasas za ustavni izmeni. Toa ke te opravda vo celost!

  2. А бе што е напаѓате луѓе, битно е да гласа против амандманите. Добро е што застана на права страна!

  3. Хм, ова е или мутава или се прави мутава!
    Ако има свој став и сака да настапува со свој став тогаш треба да почека малку да излезе на избори и како независен пратеник, кој сака да мисли со своја глава да добие доверба па потоа да шири пропаганда каква сака.
    Ако знае за демократија и почитува некакви основни демократски начела тогаш треба да излезе и јавно и гласно да рече дека референдумот не успеа и затоа не може да подржува промена на име и устав.
    А не вака се протна во парламент и партија како реформатор на Бејљиљи или некој друг …. и сега ќе продава магла.
    Оваја требаше вчера да биде исклучена од партија, и да и се побара да си даде оставка во Собранието како пратеник, нека почека избори на кои ќе заговара промена на Устав и име па да видиме колку подршка ќе добие, не може да ги мами гласачите кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го брани името и интересите на Македонците а ваму да ги продава за неколку стотици илјади евра, тоа е својствено за квислинзи како Зораните,
    затоа ОСТАВКА не денес туку вчера!!!!!!

  4. За да нема недоразбирање зошто повикувам Д.Р. да биде исклучена од партијата и да поднесе оставка како пратеник во Собранието, еве само неколку симболични дибеци кои недвосмислено укажуваат дека истата Д.Р. се трансферирала во јатото квислинзи и велепредавници!!!!
    Автор на текстот: Мери Јордановска
    Уредник: Тамара Чаусидис
    Новинари: Мери Јордановска, Владо Апостолов, Катерина Блажевска, Гоце Трпковски …

    Само името на овие горе е доволно за да се исклучи Д.Р. од партијата, а ако и тоа не ви е доволно тогаш еве ви уште еден податок целата таа групировка е под закрила ан БНД и пласира нивна политика во македонскиот медиумски простор, нивните текстови никогаш не биле во полза или барем коректни кога се зборува за Македонија и македонската држава, зошто денес би било поинаку.
    Геншер поранешен министер на Германија спречи признавање на Македонија од страна на земјите во ЕЗ, за што доби на поклон цел остров во Грција, 2006-2009 повторно Германија (хајл Хитла) за да спречи прием во НАТО се ангажра а за што Греките купија подморници од Германија за 80 милијарди евра (да не мислите дека Греките ги зеле тие пари па се должни тие се дудуци неписмени исто како нашиве северномачедонци) и оној Саркози-циганот направи зделка им продаде миражи на Греките за да спречи прием на Македонија и да не редам понатаму, … или сакате да збориме за институти во Британија и германија кои се создадени со една цел да шират пропаганда против Словените и да подметнуваат разни конструкции кои немаат врска со … ама на кои се лепат платенициве и квислинзиве како муви на го*мно – пример Кирилицата ја измислиле грчки учени луѓе Кирил и Климент и Методи биле грци, … големи се лагите тие се пласираат со векови затоа и имаме денес изроди како оној Костадинов кој изјавува дека не му треба држава ако немал пари или повеќе од 200.000 Македонци да гласаат да се викаат северномакедонци тоа е така кога човекот губи врска со реалноста………… кога целото негово знаење е од ТВ и од … а не од неговите родтители

Оставете Коментар