Раскол во СДСМ Шуто Оризари, скршени глави со метални шипки (ФОТО)

Loading...

Судирот меѓу две струи во Социјалдемократскиот сојуз во општината Шуто Оризари кулминираше со тепачка односно обид за убиство како што тврдат блиски на нападнатиот функционер на СДСМ од Шуто Оризари.

Причината за расколот на владеачката партија во оваа доминантна ромска општина е тоа што дел од членството на партијата не се согласува со коруптивните методи на владеење на структури во локалната власт поради што јавно било критикувано дел од раководството на партијата.

Откако не помогнале предупредувањата што меѓу себе си ги давале двете групи, дел од партијата организирала нарачан напад врз еден партиски активист кој бил физички нападнат и тешко повреден.

Во нападот што се случил пред 4 дена во Топанско Поле нападнатиот претрпел тешки телесни повреди, добил напукнатина на черепот, загубил слух на едното уво а на задниот дел од вратот има огромен оток.