Раскол во турската партија во Владата, набркан министер

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) објави дека со одлука на партиските органи министерот за странски инвестиции Аднан Ќахил е исклучен од партијата.

Тахап од премиерот Зоран Заев бара тој веднаш да биде разрешен од функцијата министер без ресор.

“Одлуката е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува.

Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти”, пишува во соопштението на партијата.

Ќахил за исклучувањето од од партијата што ја формираше пред дваесет години дознал од медиумите.

Министерот најавува судска разрешница на случајот, посочувајќи дека неговиот наследник на претседателската фунција во ТХП Енес Ибрахим не ги почитува процедурите и статутарните одредби на партијата.

– Не може да ме исклучат од партијата што јас ја формирав и за чиј почесен претседател бев избран на последниот конгрес. Конгресот ме избра за почесен претседател, а сега не знам кое тело на партијата ме исклучува – изјави Ќахил за „Независен“.

SHARE

Оставете Коментар