Расправа во МАНУ за Договорот од Преспа

Во Македонската академија на науките и уметностите денес ќе се одржи научна расправа на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатлантските интеграции на Република Македонија“.

Расправата всушност е стручна анализа на Спогодбата за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на СБ на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодна од 1995. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Спогодба од Преспа) и на општестветниот, политичкиот и медиумскиот контекст во кој таа е склучена.

Во расправата во првиот дел најавено е учество на повеќе членови на МАНУ, еминентни научници, претставници на органите на власта и на акредитираните дипломатски мисии во Република Македонија.

Вториот панел е насловен „Толкување на спогодбата и нејзините импликации“.

Меѓу учесниците се Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.

За Камбовски, најзначајно е тоа што со договорот од Преспа, идентитетот и јазикот се обезбедени, а вели дека МАНУ ќе се залага за задржување на акронимот без да се преименува во Академија на науките на Северна Македонија.

 

7 Коментари

  1. Ако од Иванов „Договорот” НЕ е ПОТПИШАН, дали ВООПШТО има основ за него да се оди на референдум??? Актот без ПОТПИС правно не постоји, па очигледно НЕМА ни ПРЕДМЕТ за изјаснување на референдумот!!!
    Каков РЕФЕРЕНДУМ?? За непостоечки акт!!?? Постапката кај ПРЕТСЕДАТЕЛОТ уште НЕ Е ЗАВРШЕНА! Актот правно НЕПОСТОИ!

  2. Македонците не сакаат никаков „зајакнат” или било на кој начин модифициран идентитет, туку сакаат СВОЈ идентитет, без разлика дали е ваков или никаков! Важно, ние Македонците сакаме СВОЈ идентитет, а не вештачки или туѓ или наметнат!

    Националниот идентитет не може да биде ВЕШТАЧКА ТВОРБА или креација на социјалниот инженеринг, туку тој идентитет потекнува од самиот народ.

    Не постои „компромисен” или „зајакнат” идентитет, туку само изворен идентитет како резултат на суверената воља на народот! Таков национален идентитет не е „ЛИЧНО ЧУВСТВО” (како што вели Заев), туку ПРАВНА КАТЕГОРИЈА!!!

    Во САД Националниот идентитет претставува синоним за ДРЖАВЕН-ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ, односно правниот идентитет на државата како домашен и меѓународно-правен субјект!

    Државниот идентитет, кој потекнува од СУВЕРЕНАТА ВОЉА е елемент од сет правни карактеристики со кои се дефинира ПРАВНОТО ЛИЦЕ и ваков идентитет, како правен елемент е израз на СУВЕРЕНАТА ВОЉА на народот и независноста на државата, а не е предмет на договорното или диспозитивно уредување, бидејќи спаѓа во доменот на ius cogens (повисоките норми од императивен инхерентен карактер).

    На овој начин, Заев пристапува РЕДУКЦИОНИСТИЧКИ кога вели дека идентитетот е „лично чувство”.

    И поробени народи, како Македонците имале „лично чувство” дека се пр. Македонци, но дури кога створиле својата независна држава, колективното чувство на идентитетот се здоби со потребни правни својства, за да можеме да зборуваме за СУВЕРЕН идентитет, а не идентитет „за по дома” или идентитетот на потчинетиот, кој не е слободен.

    Основното својство на идентитетот е тој СЛОБОДНО да се изрази, а не да биде предмет на компромис или правен договор, со кој се ограничува оваа суверена слобода.

    По дефиниција ДРЖАВЕН-ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ= ИМЕТО, во меѓународното право!
    А ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ те. ИМЕТО на државата е ЕСЕНЦИЈАЛЕН елемент од меѓународно-правниот субјективитет (а овој меѓународно-правниот субјективитет е ОСНОВЕН елемент на државноста).

    Оттаму, „Договорот од Преспа” е правно бесмислен!

    П.С. Таквите спогодби за идентитетот и не постојат и не се можни во меѓународното право, ниту теоретски. Ова со Грција не е “СПОР” или “РАЗЛИКА”, туку “проблемот” се решава со признавањето на уставното име РМ во ООН. Проблемот не се решава со ПАЗАРЕЊЕ (“РАЗЛИКА”) за националниот идентитет или со “СПОГОДБА” како резултат од таквото неморално пазарење.

  3. Првиот меѓу еднаквите на А.Н.У.С(м)
    ќе повика расправа против Титулирањето со Титулата ЧМАР !!!
    :)))

  4. Преспа договорот-спогодба е ПРОСТИТУЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ!
    Зошто ние Македонците би биле преседан во народите на будалите, светски уникум на народ квазимодо?

Оставете Коментар