Грчкиот парламент започна расправа за иницијативата за гласање недоверба на премиерот Алексис Ципрас, поднесена од опозицијата Нова демократија, во врска со договорот за решавање на спорот за името со поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ).

Расправата е предвидено да трае до сабота во 14 часот.

Киријакос Мицотакис смета дека премиерот Алексис Ципрас нема политички легитимитет да го потпише договорот со северниот сосед, бидејќи „Независни Грци“, владиниот партнер, не се согласуваат со решението во идното име да стои зборот„Македонија“

Неа демократија ќе побара поддршка од Независни Грци на Панос Каменос да го блокираат договорот.

Алексис Ципрас, синоќа, во интервју за ЕРТ, рече дека е убеден дека Панос Каменос можеби нема да гласа за договорот, но дека нема да ја собори владата.

Владата го отфрли барањето на Киријакос Мицотакис за договорот да се дебатира во Парламентот пред да биде потпишан од двете земји.

Претходно Мицотакис го повика и претседателот Прокопис Павлопулос да интервенира бидејќи договорот е „длабоко проблематичен“.

Ципрас го критикуваше ставот на Мицотакис како „неодговорен“ во телевизиското интервју за ЕРТ.

3 Коментари

  1. Повелбата на ООН, член 2, став 7: .Ништо во оваа Повелба не ги овластува Обединетите Нации да интервенираат во прашања од внатрешните работи на некоја земја ниту пак бара од членките да ги изнесуваат овие прашања на решавање врз основа на Повелбата; но ова начело нема да влијае врз примената на принудни мерки според Поглавје 7.
    Повелбата на ООН, член 2, став 1: Организацијата е заснована врз начелото на суверената еднаквост меѓу сите членки.

    • Треба да дојдеме до меѓународно признавање преку ОН со преименување на референцата бивша југословенска Република Македонија во уставното име Република Македонија. Тоа во меѓународаната политичка теорија е процес познат како меѓународна легитимизација, каде државата со признавањето од другите земји стекнува легитимитет (и државност).
      Во случајот со Македонија, како полноправна членка на ООН, потребно за воспоставување уставното име во ООН, е само просто мнозинство од државите членки од присутните и кои гласаат (просто мнозинство во салата на Генералното Собрание на ООН). Во македонскиот случај, бројката на држави кои нѐ признале под уставното име е 137. Бројката е сосема доволна за да се постигне простото мнозинство од држави-членки од присутните кои гласаат за предметите кои не се од суштинско значење за ООН. Во салата на Собранието сигурно нема да има повеќе од 100 држави, а тоа значи дека во таков случај ни треба поддршка од само 51 држава-членка. Оваа цифра Македонија лесно може да ја оствари со лобирање.
      Се додека не се примени Стратегијата за името на проф. д-р Игор Јанев во Генералното собрание на ООН и Меѓународниот Суд на Правда проблемот со името нема да се реши! Се друго е празна прикаска. Споровите за државните имиња во меѓународното право не постојат.
      Споровите за државните имиња во меѓународното право не постојат. Нема и не смее на има промена на името!
      Ние веќе имаме поинакво име од една провиниција, а тоа е Република Македонија (кај Грците е Македонија, во антиката беше монархија и империја Македонија). Република Македонија е меѓународно-правен субјект, а провинцијата НЕ е субјект во меѓународното право.
      Државите немаат ексклузивни права на ИМИЊА.
      Споровите околу државните имиња на постојат!
      Право на избор на сопственото државно име е СУВЕРЕНО право исто како и право да се ПОСЕДУВА име или ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ. т.е. Правниот идентитет е државното име , според меѓународното право!
      Еве Зошто: ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ е нужен (основен и есенцијален) ЕЛЕМЕНТ на ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ т.е. правното лице. (ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ е натаму и основен елемент од државноста).
      Оттаму спор НЕ ПОСТОЈИ, а нема основа ниту за квалификација ИРЕДЕНТИЗАМ, која е импутирана од Грција, или крадење и фалсификување име!
      Со преговорите ние сами се фаќаме во Грчката стапица, бидејќи однадвор се креира импресија дека ние сме ВИНОВНИ!

    • Види Македонска Википедија: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8
      може да се додаде и ставот 4 од членот 2 на Повелбата за гарантирање ПОЛИТИЧКА НЕЗАВИСНОСТ: .„Во меѓународните односи, сите земји членки се воздржуваат од закани со сила или користење на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на било која држава, или на било кој начин кој не е усогласен со целите на Обединетите Нации.”

      Така список повреди од членот 2. на Повелбата на ООН е:
      став 1: Организацијата е заснована врз начелото на суверената еднаквост меѓу сите членки. (ПРАВНАТА ЕДНАКВОСТ)

      став 4: Во меѓународните односи, сите земји членки се воздржуваат од закани со сила или користење на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на било која држава, или на било кој начин кој не е усогласен со целите на Обединетите Нации.
      (ПОЛИТИЧКА НЕЗАВИСНОСТ)

      став 7: .Ништо во оваа Повелба не ги овластува Обединетите Нации да интервенираат во прашања од внатрешните работи на некоја земја ниту пак бара од членките да ги изнесуваат овие прашања на решавање врз основа на Повелбата; но ова начело нема да влијае врз примената на принудни мерки според Поглавје 7.
      (ЗАШТИТА НА СТРОГАТА ВНАТРЕШНА ЈУРИСДИКЦИЈА).

      Членот 4. на Повелбата на ООН

      Потоа и повредата на УНИВЕРЗАЛНИОТ КАРАКТЕР НА ЧЛЕНСТВОТО содржан во членот 4 од Повелбата:
      Членството во Обединетите нации е отворено за останати земји кои ги прифаќаат обврските содржани во оваа Повелба.
      (ОТВОРЕНОСТА И УНВЕРЗАЛНОСТА НА ЧЛЕНСТВОТОВО ВО ООН КАКО СВЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА)
      *Во постапката за прием во Обединетите Нации важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ ВО ООН (а не посебни или специфични).

Оставете Коментар